Реал Мадрид го загуби трофејот во Купот, откако во драматичен натпревар, пол со тензии, загуби од Барселона со 2:3. Два дена по натпреварот „Дон Балон“, објави дека имало жестока конфронтација во соблекувалната на Реал по натпреварот во Севилја.
По втор пат во рок од неколку месеци, Реал доживеа пораз од Барселона во натпревар за трофеј. Финишот на мечот го обележа скандалозното однесување на Антонио Ридигер.
Германецот во „момент на лудило“, фрли пластично шише кон главниот судија, а потоа тргна и физички да се пресмета со него.
„Дон Балон“ објави дека во соблекувалната во кличн влегле Ридигер и капитенот на тимот Лука Модриќ.
„По натпреварот, двајцата играчи се судрија во соблекувалната, што резултираше со тепачка што мораа да ја прекинат другите играчи и членовите на тренерскиот штаб на Карло Анчелоти, кои зачудено гледаа што се случува“.
Хрватот го критикувал Рудигер за неговото однесување и му рекол дека е скандалозно тоа што направил, дека со неговото однесување го оцрнил грбот на Реал и дека тимот не загубил само поради судијата.
Иако Рудигер на почетокот бил бесен и го критикувал Модриќ за неколку работи, на крајот се освести и им се извинил на сите свои соиграчи и на тренерскиот штаб на клубот, а ден подоцна за однесувањето му се извинил и на судијата Де Бургос..
Германскиот дефанзивец се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари.
Текстот Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната е превземен од МАКФАКС.