МНР на Украина ги предупредува белоруските власти да не прават трагични грешки за нивната земја под притисок на Москва 

Според податоците на украинските разузнавачки агенции, вооружените сили на Република Белорусија концентрираат значителен број на персонал, вклучително и сили за специјални операции, оружје и воена опрема, вклучувајќи тенкови, артилерија, MLRS, системи за противвоздушна одбрана и инженерска опрема, во регионот Гомел во близина на северната граница на Украина под маската на вежби. Евидентирано е и присуство на платеници на поранешниот ПВК Вагнер, се вели во соопштението на МНР на Украина кое пристигна на електронската адреса на ЦивилМедиа.

Од МНР на Украина потенцираат дека спроведувањето на вежби во пограничната област и во непосредна близина на нуклеарната централа во Чорнобил, претставува закана за националната безбедност на Украина и глобалната безбедност воопшто.

Министерството за надворешни упатува предупредување до белоруските власти да не прават трагични грешки за нивната земја под притисок на Москва и ги повикуваме нејзините вооружени сили да престанат со непријателските акции и да ги повлечат силите подалеку од државната граница на Украина на растојание поголемо од опсегот на стрелање на белоруските системи.

Нагласуваме дека Украина никогаш не презела и нема да преземе никакви непријателски акции против белорускиот народ, се вели во соопштението.

Украинското МНР предупредува дека во случај на повреда на државната граница на Украина од страна на Белорусија, украинската  држава ќе ги преземе сите неопходни мерки за остварување на правото на самоодбрана загарантирано со Повелбата на ОН. Следствено, сите концентрации на војници, воени капацитети и патишта за снабдување во Белорусија ќе станат легитимни цели за вооружените сили на Украина.

Драган Мишев