Младиот пациент што почина од ковид-19 изминатото деноноќие имал прекумерна тежина, но немал други хронични заболувања. Не бил вакциниран, а три дена со ред се јавувал на лекар, веднаш откако добил позитивен резултат, соопшти Министерството за здравство.
Пациентот бил позитивен на ковид од 9 октомври. На преглед отишол наредниот ден, на 10 октомври, на инфективното одделение во битолската болница, немал знаци на пневмонија, имал температура, и му била препишана терапија за дома.
Бил на лекарски преглед и следниот ден на 11 октомври, а наредниот ден, на 12 октомври му биле закажани контролни анализи.
Истиот ден, поради влошување на рендгенолошкиот наодот и лабораториски анализи, бил задржан во болница. Бил ставен на кислородна поддршка и примал терапија.
Состојбата нагло му се влошила и починал вчера.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.