Нов член на клубот од Битола е плејмејкерот Милош Николиќ кој доаѓа од Вршац. Николиќ има 25 години и сезонава имаше одлични бројки во првата лига на Србија, просек од 14,8 поени, 2,6 асистенции и 2,3 скока на осум натпревари.

Ова за Пелистер е второ освежување во текот на зимава, претходно пристигна Предраг Пајиќ од Кожув.

Милош своето деби се очекува да го има на средбата против Феникс 2010 која е закажано за в недела.