Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје оствари убедлива победа над новиот прволигаш Ангели ос 77:117, одржувајќи чекор зад актуелниот лидер Пелистер во македонскиот кошаркарски шампионат.
Мекиќ со 19, Стојановски со 16 и Рикиќ со 15 поени беа најдобри реализатори во победничкиот состав, а двоцифрен учинок имаа уште Вер, Дејвис и Милошевиќ.
Мандерсон со 25 и Васар со 20 поени беа најдобри поединци кај КК Ангели, екипата која немаше шанси да го изненади големиот фаворит на оваа средба.
МЗТ Скопје сега има ефект 6-1, додека Ангели остануваат на дното како единствена екипа без победа во досегашниот тек на првенството.