Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје има нов извршен директор, во името на клупската легенда Филип Ѓоревски, кој доаѓа на местото на Тони Грнчаров.
Се работи за долгогодишен играч и капитен, а потоа и дел од раководните структури на МЗТ. Ѓоревски, кој е роден во 1982 година, е синоним кога се говори за аеродромци, затоа што играше за клубот кога беше на прагот на згаснување.
Ѓоревски по крајот на играчката кариерс цели шест години, од 2011, беше раководител на младинската школа на МЗТ.