Полуфиналниот бараж за пласман на СП во фудбал меѓу Италија и Македонија закажан за 24, март можно е да не се игра како што беше најавено во Палермо.
Оваа вест проструи откако стадионот „Ренцо Бербера“ не е во најдобра состојба и по последните проверки утвредено е дека мора многу работи да бидат корегирани.
„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека има алтернативни решенија, односно дека можно е натпреварот да се игра на стадионот во Бергамо или на тој во Болоња.
Во следните три месеци ќе бидат извршени неопходните поправи на стадионот во Палермо, ако се мине во најдобар ред, мечот ќе се игра на тој стадион.