Ако останат во сила постојните мерки за заштита и се воведат нови порестриктивна мерки, пикот на ширењето на омикрон варијантата ќе достигне за две до три недели, почеток или средина на февруари, предвидува докторот Злате Мехмедивиќ, во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk зборувајќи со епидемиолошката состојба во земјата по драстичното зголемување на бројот на заразените.
Со цел намалување на последиците врз здравјето на граѓаните, Мехмедовиќ препорачува институциите да ги заострат мерките за заштита преку затварање или драстично намалување на капацитетот на работата на угостителските објекти за да се намали темпото на ширење на заразата.
Тој смета дека на почеток на секој бран на пандемијата граѓаните секогаш ги занемаруваат предупредувањата на докторите се додека не почнат да ги осетат последиците врз нивната кожа, да се разболуваат самите или членовите на нивните семејства или не почнат да умираат нивни блиски.
„Што треба да направат, едноставно да носат маски, да одржат дистанца, да одржуваат лична хигиена и да одбегнуваат да престојуваат во затворени простории“, советува докторот Мехмедовиќ.
Тој тврди дека вакцинацијата е најбезбеден и најефикасен начин да се заштитат од заразата затоа што вакцината не ве разболува туку го активира вашиот имунитет.
„Во одредени случаи, по примање на вакцината можете да добиете миокард, кој може да се следи и третира. Тоа е една од причините што противниците на вакцинацијата го користат дека вакцината не е безбедна. Меѓутоа ризикот од миокард од вакцината е во промили, што е илјадници пати помал ако добиете миокард кога ќе се заразите, во уште полоша форма или смрт“, тврди Мехмедовиќ.
Според него, основна причина за нискиот број на вакцинирани во Македонија е недовербата кон институциите, кои потфрлија во начинот на водење на пандемијата, но и намалување на ефикасноста на вакцините поради појавата на четири варијанти на вирусот.
„Не успеавме да создадеме позитивна клима да се прифати вакцинацијата. Само 40 посто од населението е вакцинирано, тоа за нас е катастрофа. Фалеше сериозна и централизирана кампања. Министерството за здравство беше најповикана да ја води кампањата. Имаше само една или две кампањи за поттикнување на вакцинирањето. Докторите го пополнуваме празниот простор, а на почеток дури и ние немавме стручен консензус. Медиумите ни дадоа страшна поддршка за што заслужуваат секоја почин“, вели Мехмедовиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.