реклама
„Мета“ денеска објави дека од ноември ќе понуди платени претплати за Европејците за да можат да користат Фејсбук и Инстаграм без реклами, јавија француските медиуми.
На овој начин,сметаат од оваа американска компанија, социјалните мрежи ќе ги исполнат барањата на европското законодавство за лични податоци и насочено рекламирање.
реклама
Корисниците во ЕУ, Швајцарија и остатокот од Европската економска област (Исланд, Норвешка, Лихтенштајн) „ќе имаат избор да продолжат да ги користат двете платформи бесплатно, со персонализирани реклами, или да се претплатат за да избегнуваат реклами“, се додава во соопштението на компанија.
Претплатата ќе биде 9,99 евра месечно за Инстаграм и Фејсбук профили на компјутер и 12,99 евра за мобилни апликации на смарт телефоните.
реклама