Лионел Меси постигна 672 гола и асистираше на уште 303 на 778 натпревари во дресот на Барселона. Иако играше за Пари Сен Жермен откако ја напушти Каталонија пред да потпише за Интер Мајами во МЛС минатата година, Барселона сепак го плаќа. И не е единствениот за кого одвојува пари, а кој веќе не игра таму.
На платниот список на нивниот поранешен клуб се и Серхио Бускетс и Џорди Алба, со кои играше со години во Барселона, а потоа повторно се обедини со нив во Мајами. Сите тројца се согласија на одложување на платата за време на пандемијата на коронавирус со цел да се олесни финансиската состојба на клубот. Барса сега ги отплаќа тие долгови.
Според договорот тоа ќе го прават до крајот на оваа сезона и дури потоа ќе го тргнат тој финансиски товар. Парите што им ги исплаќа на трите ѕвезди не се класифицирани како тековни трошоци бидејќи тие бројки беа вклучени во сметките на клубот за 2020/21 година. Барса во таа сезона требаше да одвои околу 84,5 милиони евра за плата на Меси.
Текстот Меси и понатаму зема плата од Барселона, клубот од кој замина во 2021 година е превземен од МАКФАКС.