![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2022/02/mesi-the-best-780x470-jpg.jpg)
Лионел Меси е еден од четворицата фудбалери на Париз Сент-Жермен (ПСЖ) кои се позитивни на коронавирусот пред натпреварот на 3 јануари од Купот на Франција. ПСЖ треба да игра против третолигашот Ван.
Меси е седумкратен добитник на Златна топка.
Од фудбалскиот клуб на 1 јануари известија дека ковид има и еден член на персоналот.
Освен Меси, со ковид се заразени и левиот бег Хуан Бернат, резервниот голман Серхио Рико и 19-годишниот играч за врска Натан Битумазала.