Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.

Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.

Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.

Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.

Текстот Меси го кани Модриќ во Интер Мајами е превземен од МАКФАКС.