Олимпија Милано на своја кожа ја почувствува моќта на натурализираниот Македонец, Ти Џеј Шортс.

Париз го победи Милано со 92:79, а Шортс успеа да постигне 24 поени, имаше 10 асистенции, шест скока и две украдени топки.

„Очигледно беше дека Шортс доминира. Беше неверојатен. Нема да ми верувате, но дури уживав крај теренот гледајќи како не малтретира”, изјави тренерот на Милано Еторе Месина.

„Сите сме импресионирани од неговиот карактер, неговите одлуки се многу добри“, рече тој.

Тој исто така додаде дека Шортс е исклучително важен во одбраната на неговиот тим.

„Многу е тешко да го нападнете бидејќи е низок, многу брз, многу силен и во горниот и долниот дел од телото. Тој не само што е добар напаѓач, тешко е и да го нападнете“, заклучи прославенуот италијански тренер.

Текстот Месина: Уживав гледајќи како Ти Џеј Шортс не малтретира е превземен од МАКФАКС.