Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, одбила официјално да се сретне со првата дама на Украина, Олена Зеленска, за време на нејзиниот престој во Њујорк, пренесуваат медиумите.

Како што објави Марко Бекман, виш советник на сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп ќе ја поздрави Зеленска од учтивост, но без формална средба.

„Зеленска неколку пати ја контактираше Меланија за да организира средба. Но, нема да има билатерална средба, ништо официјално. Бидејќи нашата прва дама е многу љубезна, таа денес ќе ја контактира и ќе ја поздрави. Но, нема да има суштински разговор, нема средба“, рече Бекман.

Одлуката на Меланија Трамп се толкува како сигнал за дистанцирање од раководството на Киев во чувствителен момент за американско-украинските односи.

Фото: принтскрин

Текстот Меланија Трамп одбила средба со сопругата на Зеленски е превземен од МАКФАКС.