Канадската пливачка ѕвезда Самер Мекинтош (16) го собори светскиот рекорд на 400 метри мешано во Торонто, пет дена откако го урна рекордот на 400 метри слободно. Актуелната двојна светска шампионка делницата ја преплива за 4:25,87 минути на канадските квалификации за следното Светско првенство во Фукуока (14-30 јули).

Advertisements

Таа го подобри светскиот рекорд, поставен на Олимписките игри во Рио во 2016 година, кој и припаѓаше на Унгарката Катинка Хошу за 49 стотинки.

„Тоа беше првпат навистина да ја слушнам публиката за време на мојата трка. И неверојатно е што целото мое семејство и пријатели на трибините ме бодреа. Тоа навистина ми помогна во последните 100 метри”, изјави Мекинтош./Makfax/

Прикажи повеќе