Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, објави дека ќе отсуствува неколку недели поради повреда.
Мегваер на Инстаграм напиша дека ќе отсуствува неколку недели, но дека ќе се врати уште посилен.
Фудбалерот поради повредата беше заменет на полувремето против Астон Вила (0:0) во неделата.
Следните натпревари на Манчестер јунајтед се против Брентфорд и Вест Хем во Премиер лигата и гостувањето кај Фенербахче во Лига Европа, чиј тренер е Жозе Мурињо, поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“.
Текстот Мегваер ќе отсуствува неколку недели поради повреда е превземен од МАКФАКС.