Словенечкиот ракометен репрезентативец Борут Мачковшек ја продолжи соработката со ПИК Сегед до летото 2024 година. Оваа информација ја потврди и самиот клуб на својата официјална веб-страница.
Мачковшек во Сегедин пристигна во 2020 година, а во 2021 година стана шампион на Унгарија.
Словенецот во ПИК Сегед дојде од Веспрем, а во својата кариера настапуваше за голем број клубови – Целје Пивоварна Лашко, Хановер, Динамо Минск, Монпеље, Ајзенах, Ал Саaд.