Жителите на Мариопол кои ги напуштија своите домови сведочат дека зад себе оставиле град речиси целосно уништен од бомбардирањето.
“Морав да заминам и да поминам низ страшни работи. Имаше постари жени на околу 60 години кои умираа во нивните подруми. Заедно со мојата сопруга и двете деца 15 дена бевме засолнети во подрум“, изјави Вадислав Киријенко жител на Мариупол.
„Имаше многу контролни пунктови на патот кон Запорожје. Изброивме 15 руски контролни пунктови. Таму имаше секакви луѓе, млади момчиња кои најверојатно веруваат во идејата дека нè ослободуваат. Не ни треба такво ослободување. Тие контролираа автомобили, лични работи. Тоа беше многу страшно патување“, нагласи Милена Чубаи, жителка на Мариупол.
“Не спиевме цели ноќи. Децата спиеја во подрум. Вчера беа скршени прозорците. Да не тргневме вчера денес немаше да можеме”, рече Василиј Таган, жител на Мариупол .
Пред војната, Мариупол имал население од околу 430.000 жители. Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, четвртина од населението побегна. Оние кои останаа се соочија не само со жестоки борби, туку и со недостаток на храна и лекови.
Арта Тахири