Челниците на Манчестер јунајтед ќе сторат се за да го донесат во клубот поранешниот репрезентативец на Португалија, а сега тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.

Во понеделникот наутро „ѓаволите“ му ја врачија остказ на досегашниот менаџер Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот го плати цехот на катастрофалните резултати на почетокот на сезоната. Клубот од „Олд Трафорд“ се наоѓа на 14. место на табелата во Премиер лигата со 11 бодови по 9 кола, подеднакво оддалечен од местата кои водат во Лигата на шампионите и зоната за испаѓање. Во Лига Европа во првите три кола, три пати одигра нерешено.

Аморим е на клупата на Спортинг од 2020 година, а претходно работеше како тренер на Каса Пиа, резервиниот и првиот тим на Брага.

39-годишниот тренер го предводеше Спортинг до две титули во португалската лига, вклучувајќи ја и нивната прва по пауза од 19 години. Освои и два Купа на Португалија и еден Супер куп. Купот го освои и со Брага.

Португалецот има излезна клаузула во договорот вредна 10 милиони евра, која како што тврдат португалските медиуми и британскиот „Атлетик“ во Манчестер се подготвени да ја платат. Наводно и Аморим е подготвен да се пресели на „Олд Трафорд“.

Спортинг е лидер во португалскиот шампионат со максимален учинок по 9 кола.

Текстот Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати клаузулата на Аморим е превземен од МАКФАКС.