Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед отпочнал преговори за ангажман на бразилецот Нејмар од ПСЖ, пишува „Л’Екип“.
Според француското издание, челниците на „црвените ѓаволи“ контактирале со раководството на Пари Сен Жермен за да дознаат под кои услови можат да го добијат бразилскиот интернационалец. Манчестер Јунајтед претпочита да го земе Нејмар на позајмица, но да му ја исплаќа целата плата. ПСЖ, пак, сака да го продаде 31-годишниот напаѓач, кој има 13 гола и 11 асистенции оваа сезона во Лига 1, но моментно е повреден.
Нејмар разговарал со својот сонародник Касемиро, кој со сите сили се труди да го убеди да му се придружи. Напаѓачот решил да го напушти „Паркот на принцовите“ бидејќи не му се допаѓа што водечката улога во тимот ја добива Килијан Мбапе, а има и проблем со навивачите на клубот./Makfax/