Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово кадешто оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.
Интензивно се работи на подобрување на условите преку реконструкција од донации и со сопствени средства на здравствениот дом. Директорот ме информираше дека во завршна фаза е реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е реновирање на стоматолошките рендген простории и просториите на школска вакцинација. Комплетно се реновирани просториите на ургентна стоматологија, како и седум простории за управата. Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници, рече Манолева.
Таа посочи дека со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.