Синоќа во 21.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на с.Лисолај, патничко моторно возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(29) од Битола, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Битола, додека сопатничката Џ.М.(23) од Кичево се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
Текстот Малолетник тешко повреден кога патничко возило излетало од патот во Битолско е превземен од МАКФАКС.