Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници, не само за Киев туку и за глобалната сигурност и порача дека војната, ако рускиот челник Владимир Путин не се запре сега, би можела да се прошири и на други европски земји.
Макрон нагласи дека САД не можат да ја напуштат Украина бидејќи нивната стратешка улога е клучна за светската сигурност. Предупреди дека прифаќањето на примирјето без сигурносни гаранции за Украина би го ослабело американското влијание во спротиствавувањето на Русија Кина и други глобални сили.
„Немам никаков сомнеж дека судбината на Американците ќе биде на страната на Украинците. Дистанцирањето од Украина не е во интерес на САД. Она што САД го правеше во изминатите три години е во согласнсот со нивната дипломаска и воена традиција. Сакам Американците да сфатат дека откажувањето од Украина не е во нивен интетерес“, порача Макрон.

Текстот Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници е превземен од МАКФАКС.