Европската ракометна федерација го објави клупскиот ранкинг за сезоната 2022/23 . Македонија забележа пад од две места и се наоѓа на шестата позиција со 86.00 бодови.
Поените се од настапите на екипите во европските купови во сезоните 2018/19, 2019/2020 и 2020/21 без тековната сезона.
Македонја сепак во следната сезона ќе има директно место во Лигата на шампиони. Што се однесува до Европската лига таму имаме три места, едно ќе биде директно, додека останатите две екипи ќе играат квалификации.
На врвот на оваа листа е Германија со 145 бода, зад неа а Шпанија, која забележа скок од едно место, ја симна Франција на третата позиција. Скок на оваа листа направија Унгарија и Данска, овие две земји беа зад Македонија минатата сезона.
Топ 10 листата ја комплетираат Полска, Португалија и Романија.