Нашата репрезентација со неверојатна игра го освои првото место на 13-тото Светско првенство во Израел. Поддршка за феноменалниот тим од самиот старт беше компанијата Mozzart. Во финалето во Counter Strike, победа над Романците извојува нашата талентираната екипа која ја сочинуваат: Павле Стојановски „stYleEeZ“, Кристијан Поповски „FODOR“, Дамјан Стоилковски „Kyxsan“, Александар Ќулукоски „CacaNito“, и капитенот на репрезентацијата Јане Апостолоски „aidKiT“.
„Чувството да се биде светски шампион е неописливо, самата помисла дека имавме толку многу поддржувачи и поддршка од цела Македонија претставува мелем за душа. Поддршката од Mozzart за нас како репрезентација значи премногу и дополнително придонесе за освојување на овој турнир. Еуфоријата полека се смирува, но дефинитивно не застануваме тука и одиме на победа на секој нареден турнир.“ – истакна капитенот на македонската е-спорт репрезентацијата Јане Апостолоски „aidKiT“.
„Дефинитивно е неверојатно чувството да се учествува на ваков интернационален настан каде што ја претставуваме нашата репрезентација! Дополнително неможе да се опише крајниот резултат, освојувањето на прво место и златен медал. Горд сум на целиот тим и можам да кажам дека сите сме сеуште под импресии. За се ова да изгледа уште поубаво и да ја претставуваме нашата репрезентација се погрижи Mozzart.“ – истакна играчот на македонската еспорт репрезентацијата Александар Ќулукоски „CacaNito“.
Компанијата Mozzart секогаш е со шампионите и со задоволство се одзива на повиците за соработка и спонзорство.
„Сите честитки за овој сјаен тим, наше големо задоволство е што ги поддржавме на ова светско првенство. Ова е огромен успех за сите! Mozzart ќе продолжи да поддржува вакви прекрасни спортски приказни и да биде најголем навивач за домашниот спорт.” – изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.