Македонската ракометна репрезентација е поразена на првиот контролен натпревар против Египет, вечерва во Каиро „фараоните” славеа со 32-25.

„Црвени-жолтите“ загубија на првиот од двата контролни натпревари во рамките на ЕХФ неделата, вечерва Египет славеше со 32-25.

Избраниците на капитенот-селекторот Кирил Лазаров парираа се до половината на второто полувреме кога при резултат 19-18, домаќините направија серија од четири погодока и се одлепија на плус 5.

Во продолжението, „фараоните“ рутински одработија и го привршија мечот со триумф од седум гола разлика.

Никола Митревски имаше солидна партија помеѓу стативите со 11 интервенции од кои два пенали. Филип Талевски со шест погодока беше најефикасен во нашиот состав, додека Цветан Кузмановски постигна четири гола.

Утре во Каиро со почеток во 19 часот се игра вториот натпревар.