По квалификациските обврски со Малта, фудбалската репрезентација на Македонија се насочува кон контролниот дуел против Фарски Острови (понеделник, 18:00) кој е закажан во Скопје и ќе биде прв во историјата за овие национални тимови.

Advertisements

Јасно е дека Македонија на овој натпревар е апсолутен фаворит. Се очекува селекторот Благоја Милевски да ротира во составот и да направи доста промени од оној квалификациски натпревар против Малтежаните во циклусот за ЕП 2024. Во почетниот тим се предвидени рокади, а шанса ќе добијат играчите со помала минутажа.

Македонија во изминатиот период лесно ги победува аутсајдерите. Еден од нив е и селекцијата на Фарски Острови, која е составена од играчи од домашното првенство. Меѓу повиканите има и седум интернационалци од Норвешка, а дел од екипата е и Стефан Радосављевиќ, 22-годишен Србин кој е роден во Белград, но со семејството заминал во островската земја.

Прикажи повеќе