Најдобриот шахист на денешницата, Магнус Карлсен лесно ја одбрани светската круна по четврти пат со победа од 7,5-3,5 против предизвикувачот од Русија, Јан Непомнијачи.
Ова е израмнување на рекордот на Раул Капабланка од 1921 година, кога Кубанецот го победи Емануел Ласкер со 9-5, кога се работи за најголема разлика во поени во финалните мечеви за шаховската светска титула.
Карлсен по четврти пат ја освојува круната во древната игра, а по победата во финалето рече дека не очекувал вака убедлив скор, по петте стартни ремија во мечот за титулата против Непомнијачи.
Токму шесттата партија беше историска и траеше дури 7 часа и 45 минути, со 136 потези што е светски рекорд, а ја доби Норвежанецот и потоа доминираше до крајот на финалето.