Посетеностана Маврово е во константен раст, посебно од почетокот на пандемијата што дополнително ги привлекува луѓето да ги посетат природните убавини на овој регион.
Истовремено, Маврово има дополнителни нови и многу квалитетни содржини. Една година по отворањето на сега веќе познатиот хотел „Mia’s Favorite“, и хотел апарт комплексот „Lakeview by Mia’s“, групацијата МФХ го најави отварањето на атрактивниот „ХотелМаврово“- (порано познат како Комерцијална), кој што ќе ги зголеми сместувачките капацитети во близина на самиот ски-центар.

Се најавува дека „ХотелМаврово“ ќе биде пуштен во употреба во текот на декември, оваа година. Во меѓувреме, информираат за новата менаџерска структура, која ќе ја предводи АрѓентАзири – генерален директор за хотелското трио под чадорот на франшизата „Миа’sFavorite“.

‘ХотелМаврово ја исполнува нашата визија за заживување на Националниот парк Маврово како целина, која ја започнавме со отворањето на првиот хотел – „Mia’s Favorite. Нашиот брз раст е доказ за атрактивноста на Маврово и неговата трансформација во омилена туристичка дестинација во текот на целата година. Иновациите што ги најавивме имаат за цел да го потикнат уште повеќе развојот на овој предел и следнава сезона очекуваме туристи од цела Европа“, изјави новоназначениот директор, Арѓент Азири.

Тој заедно со менаџерскиот тим, составен од Александра Милева и Мирон Хорвати, како административни раководители на хотелите, најавуваат големи изненадувања за сите посетители на Маврово. Периодот на пандемија го претвори Маврово во една од омилените дестинации за локалните и регионалните туристи, а ревитализацијата на центарот неретко се припишува на хотелот „ Mia’s Favorite Hotel “ и сестринските хотели.

Повеќе информации можат да се добијат на следниот број: +389 78 238 232