Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ ќе остане во Милан до крајот на сезоната, открија италијанските медиуми.

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави дека Монако и Монца, односно Спартак Москва покажале интерес за 27-годишен напаѓач, но нивните понуди биле одбиени.

Тренерот на „росонерите“ Серж Консеисао во разговор со српскиот фудбалер истакнал дека е задоволен од она што го покажува на тренинзите и му ветил шанса во остатокот од сезоната.

Јовиќ е член на тимот на Милан од септември 2023 година, а неговиот договор истекува на 30 јуни годинава.

Текстот Лука Јовиќ сепак ќе остане во Милан е превземен од МАКФАКС.