Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, ќе го добие долгоочекуваното продолжување на договорот со „кралевите“.  Хрватот одамна изјавуваше дека сака да остане во Мадрид, но беше помалку разочаран дека управата на Реал сè уште не му нуди продолжување на соработката. Модриќ има полни 37 години, но уште игра на високо и завидно ниво, а со своите игри сезонава апсолутно го заслужи новиот договор.

Advertisements

Шпанските медиуми објавуваат дека официјалното потпишување уште не се случило, но Модриќ бил на состанок со управата и претседателот Флорентино Перез му ветил престој во Реал до крајот на следната сезона. Ова се сигурно прекрасни вести за генијалниот фудбалер кој остави огромна трага во дресот на Реал и освои многу титули, вклучително и пет наслови во Лигата на шампионите. Како играч на „кралевите“ ја освои престижната “Златна топка“ и во 2018 година беше прогласен за најдобар играч на светот.

Дел од навивачите на Реал Мадрид веќе се огласија на социјалните мрежи и пишуваат дека се пресреќни од оваа информација, затоа што сите сметаат дека со Модриќ во тимот, Реал изгледа секогаш сигурно, компактно, стабилно и цврсто./Gol.mk/

Прикажи повеќе