Неочекувано, во текот на ноќта по средноевропско време во НБА лигата се случи вистински „земјотрес“. Лука Дончиќ е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс. Далас Маваерикс во овој трејд го добија Ентони Дејвис.

НБА лигата е во шок по трејдот на три тима, покрај Лејкерси и Маверикс, во размената учествуваше и Јјта Џез.

Операвијата била водена во тајност, никој од играчите не знаел што се случува до последен момент. Лука Дончиќ бил шокиран кога дознал дека се сели во Лејкерси, а во шок бил и Леброн Џејмс, првата ѕвезда на „езерџиите“. Тој веста ја дознал во еден ресторан во Њујорк.

Во трејдот со три тима, тимот од Лос Анџелес ги доби и Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Макс Кристи од Лејкерси заедно со Дејвис завршија во Далас.

Лејкерси му ги дадоа и правата на Далас на првиот пик на драфтот во 2029 година.

Пејмејкерот на Лејкерс, Џејлен Худ-Шифино, исто така беше дел од овој навистина неочекуван трејд, тој се пресели во Јута, која доби пик од втората рунда на драфтот од Далас.

„Верувам дека дефанзивата освојува титули“, беше првата реакција, или подобро кажано, објаснувањето на трампата Дончиќ-Дејвис од генералниот директор на Далас, Ник Харисон.

„Верувам дека со дефанзивен центар и комплетен играч како Дејвис имаме поголеми шанси да ја освоиме титулата. Собравме тим за победа сега и во иднина“, вели Харисон.

Според ESPN, Далас ја иницирал трампата, на која претставниците на трите франшизи работеле во последните денови.

Генералниот директор на Далас, Харисон и Роб Пелинка, потпретседател за кошаркарски операции и генерален менаџер на Лејкерс, се долгогодишни познаници. Нивното пријателство датира од времето кога Харисон беше маркетинг менаџер на Коби Брајант во Најк, а Пелинка беше менаџер на Брајант.

Текстот Лука Дончиќ трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс е превземен од МАКФАКС.