Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Саудиска Арабија на патеката во Џеда, со што борбата за шампионскиот трофеј ја направи можеби најдраматична во историјата со оглед што во последната пресметка, следниот викенд во Абу Даби, ќе влезе со ист број бодови како и Макс Ферстапен.
Холанѓанецот денеска заврши како втор, во дуел кој ќе се памети по неколку меѓусебни контакти, па и судири помеѓу двајцата најдобри, нешто што не се памети уште од ривалоството помеѓу Сена и Прост. Двајцата возачи очајнички ја посакуваа победата, а на крајот пресуди подобриот избор на гуми на Британецот, кој на крајот „преживеа“ директен судир со задниот дел на Ферстапен.
Инцидентите меѓу нив двајцата донесе големи главоболки кај судиите, кои под лупа ставија неколку нивни контакти, за на крајот да го казна возачот на Ред Бул со казна од пет секунди, набрзо по што тој беше престигнат од ривалот од Мекларен.
Тие сега имаат по 369,5 бодови, што значи дека новиот шампион ќе биде решен по седум дена во Обединетите Арапски Емирати.