Откако пропадна трејдот за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерс побараа нов центар на пазарот на слободни агенти и го најдоа во 31-годишниот Украинец, висок 213 сантиметри, Алекс Лен.

Алекс Лен изминатите три и пол години ги мина во Сакраменто Кингс како трет центар, а оваа сезона во 36 натпревари имаше просек од 1,4 поени и 1,8 скока за седум минути игра.

На последниот ден од преодниот рок во НБА лигата Сакраменто Кингс го разменија со Вашингтон Визардс, кои му го раскинаа договорот и му дозволија да потпише за нов клуб за минимална плата.

НБА кариерата на Лен трае 12 сезони, ги мина во Феникс, Атланта, Сакраменто, Торонто и Вашингтон, пред да се врати во Кингс во летото 2021 година. Во 680 натпревари, тој во просек постигнува 6,7 поени и 5,3 скока.

Иако не е познато име, Лен ќе им биде корисен на Лејкерси до крајот на сезоната, откако го загубија својот стартен центар Ентони Дејвис во шокантниот трејд за Лука Дончиќ.

Лејкерси со Шарлот направија трејд, го донесоа Вилијамс во замена за Далтон Кнехт, Кам Редиш и идни драфт пикови.

Сепак, лекарскиот преглед покажа дека повредите поради кои одигра само 85 од можни 215 натпревари (помалку од 40%) во првите две и пол сезони не се целосно зад него и дека постои ризик од повторување.

Текстот Лејкерси се засилија со украински центар е превземен од МАКФАКС.