Доколку често сте исцрпени, уморни или имате лоша крвна слика, подгответе го овој лековит еликсир од овошје и зеленчук.
За подготовка на овој пијалок кој ќе ви ја врати енергијата и ќе ви ја подобри крвната слика потребно ви е:
-половна килограм мед
-по еден килограм: лимони, јаболка, цвекло и моркови.
Сите состојки освен медот изрендајте ги свежи, без да ги лупите (доколку се сомневате дека лимоните и јаболката се прскани, потопете ги во вода во која ќе ставите една лажица сода бикарбона да отстојат половина час).
Така добиената смеса добро измешајте ја и оставете ја да отстои 24 часа.
Потоа од смесата низ газа исцедете густ сок и во него додадете го медот. Се добро измешајте и чувајте го фрижидер.
Се препорачува по една чаша за ракија наутро пред јадење.
Овој сок е одличен за оние кои се анемични и страдаат од недостаток на енергија и замор.