На секои 7 години лекарите ја обновуваат својата лиценца за работа и на Лекарската комора и плаќаат одредена сума на пари.За да може да ја обноват лиценцата треба да ги надградуваат своите знаење со учество на стручни состаноци, работилници, конгреси за кои исто така одделуваат средства за да може да добијат сертификати.
Логично е дека оваа комора треба да ги штити меѓу другото и правата на нејзините членови – лекарите.
Но оваа претседателка на ЛК некако за тоа нема слух, иако проблемите на лекарите, како и на пациентите во изминативе 2 години беа многубројни.
Нема слух ни за тоа што се случува и сега , кога на искусни лекари и професори по навршувањето на годините за пензионирање не им се дозволува да продолжат со работа!
Но затоа 30 годишнината на постоење на ЛК ја одбележува ни малку ни многу, во хотелот Лимак !!!
Дали можеби оваа прослава е организирана од наши (лекарски) пари!?
Дали ова можеби не е предизборна кампања на сегашната претседателка бидејќи за неколку дена ќе се избира ново раководство на ЛК !!!
.. на нас лекарите не ни е потребен ваков претседател на ЛК, пишува на Фејсбук, Жаклина Шопова.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.