Опериран пред неколку дена од тумор на мозокот, пациентот којшто ноќеска скокна од прозорец на Клиниката за неврохирургија, се здобил со повеќе преломи и со крвавење во стомакот, а вистинска среќа е што при падот не ја повредил и главата. По овие интервенции на главата, може да се случи промена во однесувањето, болниот да стане агресивен, велат лекарите. Но може да се јават и други нарушувања, како психички растројства.
Пациентот од Свети Николе што ноќеска скокна низ прозорец од првиот кат на Неврохирургија, едвај спасил жива глава – тој заврши со неколку преломи на ногата, ребрата, но и со други повреди. Добил и крвавење во стомакот, по што бил итно опериран и сега е префрлен на КАРИЛ, потврдија за НоваТВ од Универзитетската Клиника за неврохирургија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.