Кошаркарскиот клуб Монако, во понеделникот објави дека Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер. На српскиот тренер му пресуди поразот од Ле Ман во домашното првенство. Медиумите тврдат дека Монако има договор со легендарниот Грк, Василис Спанулис.

Спанулис (42) моментално е зафатен со обврските со репрезентацијата и квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство.

Спанулис тренерската кариера ја започна во Перистери.

Како играч три пати го креваше трофејот во Евролигата и во моментот кога замина во пензија беше најдобар стрелец во историјата на елитното европско натпреварување. Минатата сезона неговиот рекорд го подобри Мајк Џејмс, актуелениот МВП и кошаркар со кого Спанулис во иднина ќе има блиска соработка.

Како играч во својата професионална кариера, Спанулис играше за Гимнастикос, Маруси, Панатинаикос, Хјустон повторно Панатинаикос, од кој во шокантен трансфер во 2010 година се пресели во најголемиот ривал Олимпијакос.

Со зелениот тим на Атина освои една Евролига, а потоа со клубот од Пиреја два пати беше европски првак, во 2021 година ја заврши кариерата.

Во морето трофеи и индивидуални награди се издвојуваат европското злато и светското сребро со грчката репрезентација (2005 и 2006 година), како и МВП наградата за сезоната 2012/2013 во Евролигата.

Текстот Легендарниот Грк ќе биде новиот тренер на Монако е превземен од МАКФАКС.