Неколку дена пред натпреварот со Шкупи во Скопје во рамките на квалификациите за Конференциската лига, Левски Софија продаде еден од најдобрите играчи.
Се работи за стоперот Ноа Сонко Сундберг. Репрезентативецот на Гамбија ќе ја продолжи кариерата во редовите на Лудогорец, тим кој е подготвен да плати 550.000 евра, плус уште 200.000 низ бонуси на Левски. Откако доби понуда која не се одбива, тимот од Софија мораше да го пушти Сундберг, па ќе бара алтернатива за него. Левски од стоперот има целосна добивка, бидејќи тој во 2022 година пристигна како слободен фудбалер од Оштерсунд.
Сепак, за првиот натпревар во Скопје дефанзивната линија ќе биде ослабната. Левски важи за благ фаворит против Шкупи, меѓутоа нема сомнеж дека македонскиот претставник ќе даде максимум за да оди понатаму./Gol.mk/