Полскиот интернационалец Роберт Левандовски сака нов предизвик во кариерата. Тој на лето планира да го напушти Баерн Минхен, а негова цел е да направи трансфер во Реал Мадрид, открива шпански „АС“.
Левандовски го задолжил агентот Пини Захави да отпочне преговори со раководството на „кралскиот клуб“ и да ги испита условите под кои би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Тој смета дека доволно има дадено за баварскиот клуб и веќе нема предизвик на „Алијанц арена“, а мислењето значително му се промени и откако повторно остана без „Златната топка“. Левандовски смета дека во дресот на Реал Мадрид би имал многу поголема поддршка и влијание за освојување на ова индивидуално признание.
Полјакот има актуелен договор со Баерн Минхен до јуни 2023 година, што значи дека на лето би можел да замине за реално мала отштета, со оглед дека ќе влезе во последната година од договорот.