Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Владата на чело со него нема проблем со Србите на Косово, туку со Владата на Србија.
Говорејќи на самитот „Западен Балкан 2024“ во Приштина, Курти рече дека интеграцијата на косовските Срби во институциите на земјата е примарно прашање за него.
„Проблемот што го имаме нема врска со Србите. Имаме проблем со Белград, кој не се огради ниту од Милошевиќ од минатото, ниту од Путин од сегашноста“, рече Курти, мислејќи на поранешниот југословенски претседател и актуелниот руски претседател. Србите на северот на Косово, под влијание на Белград и неговите паралелни структури во Косово, постојано се спротивставуваат на власта на Владата во Приштина.
Тие често организираат протести или ги бојкотираат одлуките на косовските власти , како чекори за интеграција на заедницата, сепак, неговата Влада е под меѓународен притисок да формира Заедница на општини со мнозинско српско население.