Српски полицаец загина, а уште еден е тешко повреден во Лозница, Србија, на границата со Босна и Херцеговина. Според српските власти, инцидентот се случил 55 минути по полноќ кога полициски службеници на контролен пункт запреле автомобил мерцедес, во кој имало две лица. Според Министерството, едно од лицата пукало со пиштол,нанесувајќи му смртни повреди во градите на еден од полицајците, го ранил другиот полицаец а потоа побегнал.
Српските власти го опишаа случајот како тероризам. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на местото на настанот е пронајден пасош на осомничениот, издаден од косовските власти, со името на Артан Хајризи -и друг германски документ за идентификација. Дачиќ рече дека се проверува дали и на кој начин лицетот Хајризи е поврзан со инцидентот.
Артан Хајризи претходно во текот на денот изјави дека е во Германија и дека неговиот брат Фатони му го украл пасошот.
Српскиот министер за внатрешни работи објави и дека полицијата го уапсила Митхат Хачиќ од Тутин во југозападна Србија, кој е осомничен дека го возел осомничениот од Прешево до Лозница.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека собираат информации но повика случајот да не се политизира овој случај.
„Нашите надлежни органи, МВР, МНР, полиција ќе ја информираат јавноста за моменталната состојба. Очекувам и тие да дадат свои изјави, бидејќи сметаме дека ова прашање не треба да се политизира, туку да се третира од безбедносен, правен и професионален аспект“, рече Курти.
Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека внимателно ги следи случувањата преку Канцеларијата за врски во Белград.
Шкелзен Аќифи