Тоа се одредени физички вежби вклучувајќи и ги како на пример дигањето на тегови, вежбањето гимнастика, како и фитнесот.
Создавачите на Кросфит, тренерите Грег Глесмен и Лорен Џенеј, кога го конципирале овој систем во 2000-тата година, дошле до заклучок дека за најдобри резултати е потребна постојана промена, а тоа значи, мноштво различни вежби со висок интензитет.
Кросфит, првенствено е за зголемување на издржливоста а не за зголемување на мускулната маса.
Интензивните вежби ги топат мастите и за некој кој претходно не вежбал, кога ќе почне со овие вежби кои што спаѓаат во HIT – High Intensity Training, за брзо време ќе забележи видлива разлика. Таканаречената „константна варијација“ која служи како основен опис на Кросфит, подразбира дека секој ден имате различна вежба со многу различни комбинации.
Скопјанката Ангела Михајлова (23) студентка на економскиот факултет во Скопје за КУРИР вели дека првиот чекор за да се одлучите да започнете со кросфит е најтежок, но потоа следува вистинска промена поради која нема да се кае никој.
-Инспирацијата да започнам да тренирам кросфит дојде од еден мој другар. Со неговите аргументи, ме убеди да започнам со тренинзи и да се уверам дека кросфит е нешто сосема различно од вежбање во домашни услови или теретана. На почетокот кросфит за мене претставуваше само едно исполнување на слободното време и тоа беше само како рекреативен спорт,за да подоцна прерасне во нешто друго, раскажува Михајлова.
Таа додава дека првиот чекор е најтежок, да започнеш, да продолжиш и да издржиш до крај.
-Кросфит не е за најспремни како што сите мислиме, кросфит е за храбри. За оние кои не се плашат од ден во ден да се соочуваат со своите слабости и во тоа соочување да пронаоѓаат прилика за раст. Денес кросфит за мене претставува многу повеќе,постојана борба со самата себе, истрајност да секој ден бидам се подобра и подобра, а со самото тоа мојата самодоверба расте од ден во ден. Мојата ментална сила ја надминува физичката, додава таа.
Вели дека кросфит не е само јакнење на мускулатура,тоа е начин на живот кој од вас прави појака личност.
-Се мотивирам се повеќе и повеќе, како изминуваат деновите и месеците сакам повеќе да научам тоа ме исполнува, ме прави среќна. Кога ќе научам некоја нова вежба или техника желбата ми се зголемува да не се откажувам туку повеќе да се трудам за постигнување на подобри резултати. Овој спорт нема граница, само се надоврзуваш и секој ден учиш нови нешта. Успехот зависи од тебе, колку ќе се посветиш на вежбањето. Јас сум на почетокот, но имам добар стартен напредок за личност која се уште не е навлезена подлабоко во суштината на кросфит, а тоа се должи на мојата посветеност кон овој спорт, потенцира Ангела во интервјуто за КУРИР.
Таа на крајот додава дека нема лифт до успехот,мора да се качуваме по скалите за да успееме да го достигнеме врвот!