Дејан Кулушевски не се наметна во Јувентус по неговиот трансфер вреден 35 милиони евра, па сега од тимот во Торино го нудат на останатите клубови кои би можеле да си го дозволат неговиот потпис.
Според новинарот на „Калчомеркато“, Николо Шира, Кулушевски бил понуден на Милан кој е во потрага по офанзивен играч за врска. Саму Касталјехо веројатно ќе си оди од клубот, а Брахим Дијаз не е константен во своите настапи, па Кулушевски би можел да ги реши проблемите во офанзивата на „росонерите“.
Офанзивецот не би се преселил на перманентна основа на „Сан Сиро“, туку би пристигнал како позајмен фудбалер без право на откуп на неговиот договор.