Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на ѕид против беспилотни летала по должината на источниот дел од Европската Унија откога руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.
„Русија повторно ги тестира граничните држави, ЕУ и НАТО. Ќе соработуваме со земјите членки, со граничните земји и со Украина. Русија ќе биде запрена“, напиша тој на мрежата „Икс“.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека одговорот на алијансата на упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор ќе биде разгледан денес на редовната седница, како и дека претставниците на НАТО се во контакт со Полска.
Харт, во објава на мрежата „Икс“ истакна дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со полското раководство.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така изјави дека прелиминарниот извештај укажува дека руската инвазија била намерна, како и дека е во контакт со НАТО и со Полска.
Полските власти претходно објавија дека собориле неколку беспилотни летала, а дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин.
Фото: принтскрин
Текстот Кубилијус: „Изградете ѕид против беспилотни летала“ е превземен од МАКФАКС.