Кремљ обвини дека Европската Унија се обидува да го саботира претстојниот самит меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта, пренесоа руските медиуми.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека ЕУ спроведува активни субверзивни активности и дека западноевропските земји свесно го ескалираат конфликтот во Украина.

Нејзината изјава следува по пишувањето на „Ел Паис“ дека Брисел гледа на состанокот како на политички кошмар бидејќи Путин и Трамп би разговарале за Украина во земја членка на ЕУ, без учество на самиот блок.

Захарова додаде дека западните држави само привидно зборуваат за мир, а всушност прават сè за да го продлабочат конфликтот.

Путин и Трамп неодамна разговараа телефонски речиси два и пол часа, а според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, средбата во Будимпешта ја предложил Трамп, а Путин веднаш ја прифатил. Самитот би можел да се одржи во следните две недели.

Текстот Кремљ обвини дека ЕУ се обидува да го саботира претстојниот самит меѓу Путин и Трамп е превземен од МАКФАКС.