Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат „чувствителни прашања“.

Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и економската соработка, рече Ушаков.

Средбата ќе започне во 11:30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.

На крајот од самитот, двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави Скај њуз.

Текстот Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција е превземен од МАКФАКС.