Со „Добровечер Струмица, јас сум Костадин Костадинов, новиот градоначалник“ ги поздрави симпатизерите и членовите на СДСМ, пратеникот од редовите на партијата Костадин Костадинов.
„Победивме, успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се победат избори со над 4.000 гласа разлика, без при тоа да се спомне опозицијата и противкандидатот, бидејќи на крајот треба и ним да им служиме, истакна вечерва кандидатот за градоначалник на Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, кој прогласи победа со убедливо водство во првиот круг.
Тој вети дека неговата врата ќе биде отворена за сите.