реклама

Родителството е многу убаво, но и далеку од лесно. Но, една мајка тврди дека „ја открила тајната“ за да го натера нејзиното дете да ужива во миењето заби.

Како што пренесува Мирор, таа објаснила како нејзиното двегодишно дете врескало кога видел четка за заби, а сега со нетрпение чека да ги мие забите две минути.

реклама

„Мрази што вообичаено му ги мијам забите до тој степен што морам да го држам поголемиот дел од времето додека тој вреска“, изјави оваа мајка за Reddit.

Така, една вечер помислила да употреби две четки одеднаш за да го подобри миењето, бидејќи во спротивно тешко можела да ја внесе четката во неговата уста и да му ги мие забите.

реклама

Со поставувањето на две четки една до друга, таа не само што го преполовила времето што го поминува за миење заби, туку го претворила и во „забавна игра“.

„Мојот мал син ужива поради некоја причина. „Тој сè уште вреска кога има само една четка за заби, но ќе ми дозволи да користам две четки одеднаш“, додаде таа.

реклама

Една мајка имаше малку поинаков совет.

„Прво измиеме и едно од нејзините плишани животни. Тоа ја насмевнува, а потоа обично ми дозволува да и ги мијам забите. Стратегијата функционира веќе околу шест месеци“.

Ова ги охрабрило другите родители да споделат методи кои им помогнале, а многумина рекле дека користат музика за да го направат искуството повозбудливо, пренесува Вечерњи.хр.

реклама