Српскиот епидемиолог, Предраг Кон, вели дека минимално што може да се направи за да намали ширењето на ковид-19 е земјата да воведе задолжително приложување на ковид-пропусница за влез во затворени простории во текот на целиот ден, а не оваа мерка да важи како сега после 22 часот.

Advertisements

„Следните две недели бројот на заразени ќе се зголемува, а пред на е неповолен период. Единствениот излез од оваа ситуација е да се забрза вакцинацијата, а апсолутниот минимум за заразувањето да се успори е воведување на ковид-пропусница на 24 часа“, вели Кон.

Тој вели дека здравствениот систем во Србија е пред колапс и укажа дека и голем број пациенти не одат на редовни прегледи бидејќи се плашат да не се заразат со вирусот.

Прикажи повеќе